АктуелноЛокално

(Видео) Крмов: Славењето на политичкиот просветител на македонскиот народ под рестрикции

  •  Пратеникот од Левица Борислав Крмов за домашните медиуми.

“Организацијата беше хаотична и непотребно закомоплицирана. Тоа можеше да доведе до преклопување на делегациите и дополнителни тензии.’

На денешен ден, 1872 година, во Кукуш, роден е апостолот на македонското национално ослободително движење и предводник во борбата за независна држава на македонскиот народ, револуционерот и социјалист, Ѓорѓи Николов Делчев.

Гоце Делчев, покрај тоа што беше идеологот, организатор и предводник на македонското револуционерно национално ослободително движење, тој, преку својата учителска дејност, всадувајќи ги длабоко во народот идеалите за националната и социјална слобода, ќе биде светло на историскиот пат на македонскиот народ се до неговото конечно ослободување олицетворено во партизанското македонско националноослободително движење во текот на Втората светска војна

За жал, денеска, во навидум независна Македонија, македонскиот народ, роденденот на својот политички просветител беше приморан да го чествува под силни рестрикции за пристап до неговото вечно почивалиште во црквата Св. Спас во Скопје. Имено, владата, поради страв од народот и за да ги избегне свирежите и негодувањата поради своите предавнички политики, преку полициски кордони го имаше запоседнато целиот простор околу црквата Св. Спас и на народот не му дозволи пристап до гробот на великанот Гоце Делчев.

Македонија е под окупација, нејзините институции се запоседнати од велепредавници кои служат на туѓите интереси а на штета на македонскиот народ. Идеите на Делчев живеат и тие ќе не водат до повторно ослободување.

Слава на херојот Гоце Делчев!