АктуелноЛокално

Левица: Студентите оставени без оброк и стипендии

Иако МОН им ветија на студентите дека најдоцна до 31.01.2023 година на студентите ќе им ги исплатат средствата за студентски оброк со задоцнување од 30 – тина дена, сепак денеска илјадници студенти повторно останаа без средствата кои им следуваат за да го остварат правото на студентски субвенциониран оброк, а веќе утре треба да почне исплатата на студентскиот оброк за месец Јануари.

Покрај неисплатата на студентски субвенциониран оброк, исто така МОН со месеци доцни и со исплатата на студентските стипендии. Во услови на тешка економска криза, едни од најранливите категории – студентите, се оставени на немилост од страна на неспособното Министерство за образование и наука, со кое раководи ДУИ.

И покрај тоа што студентскиот стандард на студентите е катастрофален, земајќи ја во обзир и ситуацијата во студентските домови, каде што се’ уште условите се мизерни, антикризните мерки не се укинати, а реновирањето воопшто не е започнато, сега студентите практично се соочени со да останат без стандард воопшто.

Со ова уште еднаш се докажува фактот дека криминалното ДУИ остава пустош во секој ресор и секоја сфера со која раководи. Одговорност и оставка е нешто најмалку што може да направи министерот Јетон Шаќири.