АктуелноЛокално

Апасиев ја матираше Зајкова – „Северномакедонка од Килкис“ во една реченица

Зајкова од Либерална која гласаше за промена на името Македонија, откажување од античката историја, како и забрана за Македонците да ги користат сопствените топоними и имиња на местата во северна Грција вели дека никој не може да и наметне како да ја толкува историјата, кукушкото потекло или да им ја менува свеста на идните генерации.

„Никој од нас не сака да е понижен, секаде каде што одам се претставувам како горда Македонка, не може мене никој да ми ја наметне мојата историја или како јас ќе ја толкувам мојата историја, ниту пак некој може да ми наметне што ќе бидам, моите се по потекло од Кукуш, јас секогаш ќе бидам по потекло од Кукуш, не можам да бидам од друго место. Говорам македонски јазик, израсната сум со една историја, не може никој да ми го менува или да ја менува свеста на генерациите“,- рече претседателката на Либерално-Демократска партија Моника Зајкова во синоќешното гостување во „Клик плус”.

Претседателот на Левица, Апасиев, во свој стил, ја разобличи дволичната претстава создавана во јавноста, на лидерката Зајкова, од партијата која никогаш не отишла самостојно на избори, а има гласано за сите национални предавства, вклучувајќи го „Договорот за добрососедство“, „Преспанскиот договор“, „Францускиот предлог“.

Зајкова: „Јас сум Македонка од Кукуш“. – Преспанскиот: „Ти си Северномакедонка од Килкис,“ – напиша Апасиев