Исмаил со порака до бугарскиот министер Милков: Бугарската држава вршела злодела врз македонци не само за време на Втората светска војна туку и во Првата светска војна!
Членот на Президиумот на Левица, Реџеп Исмаил-Хактан, преку својот профил му одговори на бугарскиот министер Николај Милков, кој изјави дека во Македонија се враќа традицијата на палење, стрелање и насилство врз луѓе. Исмаил се осврна на злосторствата врз македонскиот народ од страна на бугарската држава за време на Прва и Втора светска војна.
Николај Милков, министер на Република Бугарија, кажал дека, пази, „во Македонија се враќа традицијата на палење, стрелање и насилство врз луѓе.“?!
Кога сме кај ѕверствата во Македонија, да го потсетиме Милков дека во Втората светска војна при окупација на Македонија од страна на Фашистичка Бугарија, беа направени најкрвните злодела, и тоа го немаат забележано само македонските и југословенските архиви туку и светската јавност. За нив не треба и многу да се говори, имаме сеуште живи сведоци и врежани прикази од нашите баби дедовци, вујковци, комшии, соселани и слично.
Туку, Бугарија, преку своите официјални паравоени структури, врховистички крвници има направено исто толку злодела кон македонскиот народ како пред Првата светска војна така и за време и после неа. Во прилог на ова се два документи кои се забележани од ЗАПАДНИТЕ тогашни медиуми. Во нив јасно е опишан ХОРОРОТ и ЗЛОДЕЛАТА на бугарските врховистички банди, направен врз Македонци, затоа што биле јатаци на Јане Сандански!
ИЗВОР: https://trove.nla.gov.au/newspaper/article/12827038…
За тие што не знаат англиски што велат овие страници:
„БУГАРСКИ ЗЛОДЕЛА
Бугарските врховистички разбојници вршеле ужасни злодела во Македонија. Двајца началници на “Врховистичката” фракцијата го запалиле селото Либофка и ја принудиле сопругата на еден началник по име Ангел Менчо и нејзините две мали деца да влезат во запалена куќа и го заклучиле.Жената и децата изгореле.Злоделото било извршено затоа што Ангел бил јатак на Сандански, шефот на ривалската банда.
НАЈГОЛЕМИОТ ГЕНОЦИД ИЗВРШЕН ВО ПРВАТА СВЕТСКА ВОЈНА Е ТОКМУ ОД СТРАНА НА БУГАРСКАТА ДРЖАВА КОН МАКЕДОНЦИ ВО МАКЕДОНИЈА.
Специјална единица на бугарската окупаторска армија во Македонија составена од бугарски војници и четници на ВМОРО на Тодор Александров и на Александар Протогеров, под команда на полковникот Тодор Панов, масакрирала недолжно македонско население. Масовни колежи биле извршени во Велешко, во селата: Теово, Ореовдол, Богомила, а во Прилепско во селата: Гостиражни, Стровја, Слепче, Костинци, Долгаец и Маргари. Преживеале само мажите што биле регрутирани во српската војска и тие што успеале да побегнат пред затворањето на обрачот.
Најмасовен колеж бил извршен во с. Долгаец. Мажи, жени, деца, вклучувајќи ги и бремените жени и изнемоштените старци, биле масакрирани. Жени и девојки биле силувани. Обезглавен бил и селскиот свештеник, иако се декларирал како Бугарин и гарантирал лојалност. Во селото биле заклани 167, во Костинечката општина 336. Тоа се смета најголем геноцид извршен во Првата светска војна на Балканот.
Пре би гроб него бугарски роб
#СмртИлиСлобода – напиша Исмаил.