Мециновиќ: СДСМ и ДПМНЕ меѓусебно не можат да си бидат опозиција, зашто во умот се исти
- Фејсбук статус на Амар Мециновиќ – портпарол на Политичката партија Левица
Единствените гаранции што може сега да ги бара десната опортунистичка опозиција од ЕУ, се оние за евро-бирократите да ја пренасочат подршката од СДС кон нив – и спремни се да го продолжат процесот на бугаризација на Македонија, по стапките на Заев!
Од почетокот на летните протести оставаат силен впечаток на неприкосновен АМОРТИЗЕР на народното незадоволство!
О П О З И Ц И Ј А.
Опозиција тие меѓусебно не можат да бидат бидејќи во умот се исти. Сите заедно на куп се во енергетскиот сектор, колеги и пријатели. Со тебе ли да се поистоветат? Имаат исти интереси, спротивни на твоите и предаторски кон државата.
Не се дел од нашата заедничка кауза.