Левица: Oставка од Спасовски – Антикорупциска го потврди пропустот со Беса Транс
- Реакција на Политичката партија Левица
Државната комисија за спречување корупција денес поднесе барање до Владата за оставка од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, бидејќи не реагирал навремено за техничкиот преглед на автобусот на „Беса Транс“ кој изгоре во Бугарија, кога во пожарот починаа 46 патници.
Левица за скандалозниот пропуст на Спасовски алармираше уште во август минатата година, каде побара одговорност од министерот за внатрешни работи, кој чекал повеќе од три месеци да ја забрани работата на станицата во која бил регистриран автобусот на „Беса транс“.
За станицата за технички преглед на компанијата „ВИА КОМЕРЦ Џемаљ“, во која бил регистриран автобусот на „Беса транс”, во август 2021 година било издадено предлог-решение за забрана за работа. При контролата било утврдено дека со пропустите во станицата „се овозможува во сообраќајот на патиштата да учествуваат технички неисправни возила, односно возила кои може да претставуваат опасност по безбедноста на сообраќајот на патиштата“.
Цели три месеци Спасовски одбива да го потпише предлог-решението, што резултира со ужасната трагедија во која животот го губат 46 патници.
Фактот што Спасовски го потпишува Решението за забрана за работа на станицата за технички преглед „ВИА КОМЕРЦ Џемаљ“ само три дена после трагедијата со автобусот на „Беса Транс“, индицира дека предметот свесно бил чуван во фиока од страна на министерот.
Тоа што се пролонгира разрешницата на случајот со „Беса Транс“, укажува дека режимот од СДС и ДУИ да го спаси Спасовски од одговорност.
Оставка и одговорност за загубените човечки животи мора да има!