Апасиев до Сали: Шовинисту, здравјето е политичко, а не етничко прашање

Поранешниот претседател на огранокот на општина Чаир на движењето „Беса“ и бивш организациски секретар на партијата „Алтернатива“ кој беше кандидат за градоначалник на Чаир од Алијанса на Албанците и Алтернатива а поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, денес како Министер за здравство во Владата на СДСМ, при отсуство на било каков успех во својата работа одлучи да обвинува за „албанофобија“.

Откако беше објавено во јавноста дека Министерот Сали унапредил 17 лица, а од нив 14 се Албанци и 3 лица Македонци, золви и снаи на политичари, информација што беше споделена и од претседателот на Левица, Тој на својот фејсбук профил, не баш најумесно се обиде да наметнува албанофобски етикети на Апасиев. За ова, очекувано, Министерот доби жестока „Шлаканица“

„Шовинисту, оди прво обезбеди им лекови на болните од цистична фиброза! Уште се лечиме преку СМС и Македонци и Албанци“, напиша Апасиев и додаде дека „Здравјето е политичко, а не етничко прашање!“