Левица бара проглас на персона нон грата за шест Бугарски државјани-непријатели на Македонскиот народ

Реакција на Левица-Сектор за Надворешна Политика и Безбедност

Левица силно се спротивставува на бугарската национал-шовинистичка и иредентистичка пропаганда во Македонија, која како последица на сервилноста на владата предводена од ДУИ и СДСМ, засилено се шири и провоцирајќи предизвикува вознемиреност кај македонскиот народ.

Со цел заштита на достоинството на македонскиот народ и суверенитетот на Републиката, Левица бара со дипломатска нота да се прогласат за ПЕРСОНА НОН ГРАТА и да им се забрани влез во Република Македонија на следните непријатели на македонскиот народ:

1. Милен Врабевски – бугарски олигарх, пријател на Зоран Заев и финансиер на бугарските клубови именувани по фашистички дејци чие отварање предизвика бројни инциденти и омаловажување како и негирање на македонскиот народ и држава, човек кој изјави дека на Македонците им се “испрани мозоците“;

2. Kостадин Костадинов – пратеник во Народното собранието на Република Бугарија и претседател на нео-фашистичката партија „Възраждане“ (на македонски: Преродба);

3. Ангел Џамбаски, европратеник и бугарски националист и неофашист кој изјави дека „Македонците се Бугари“ , Македонија е бугарска“ и „еден народ во две држави“, потври дека фашистичките и завојувачќи идеи во Бугарија се’ уште се живи;

4. Андреј Ковачев, европратеник и негатор на македонската историја и национална посебност кој изјави дека Македонија ја фалсификува историјата и македонскиот идентит лежи на бугарската историја;

5. Красимир Каракачанов, поранешен претседател на бугарска ултранационалистичка политичка партија ВМРО, кој во секоја своја изјава ги негира Македонија, Македонците, македонскиот јазик и идентитет;

6. Виктор Стојанов, oд фондација „Македонија“ која практично оперативно го спроведува отварањето на фашистичките клубови низ Македонија, а кои се користат за агресивна анти-македонска пропаганда и се обидува да направи асимилација на Македонците во соседна Албанија.

Левица и понатаму ќе надстојува да се прогласи за персона нон грата секој оној кој што ќе се обиде на било кој начин да го омаловажи македонскиот народ, неговата културно-историска засебност, јавно пропагирајќи врховистички ставови и искажувајќи негаторски и иредентистички изјави кон македонскиот народ и држава кои значат загрозување на територијалниот интегритет и националниот суверенитет на Република Македонија.