Апасиев: Шпиунирањето во Европската Унија станува секојдневна работа

  • Пишува: Димитар Апасиев – Претседател на политичката партија Левица

Чекајте малце, другари!
Нели шпиунирањето на политичките опоненти и прислушкувањето на своите граѓани е својствено само за источните „автократски режими“ (ориентални деспотии)? Каква е сега оваа најнова афера ЕВРОГЕЈТ во срцето на ЕУ:

Холандската европратеничка Софи Инт Велд, која е главна истражителка на Европарламентот, подготвува извештај дека владите на дури 14 земји-членки на ЕУ (Шпанија, Холандија, Белгија, Грција, Унгарија, Полска и др.) го користеле шпиунскиот софтвер „Пегасус“ за да следат политичари, бизнисмени, новинари, граѓански активисти! Од нивните телефони и лап-топи биле вадени компромитирачки материјали, кои потоа биле користени за нивно замолчување во критиките кон властите, како и за прикривање на корупциски скандали.

И сето ова, во име на „поголеми цели“ се става под тепих! Европскиот совет молчи, а Европската комисија (која и самата беше хакирана) немала „интерес“ да го истражи скандалов!? Европол одбива да го истражува, оти тоа било „национална работа на членките“.

p.s. Овие Мијалков да не го зеле за консултат бе?