Просечната плата во Регулаторната комисија за енергетика е 111.918 денари

Извештајот на Регулаторната комисија за енергетика покажува дека на 31.12.2022 година имало 41 вработен, од кои седуммина се членови на Регулаторната комисија за енергетика, 32 лица се во стручните и административните служби и двајца се вработени како помошно-технички персонал. За нивните плати и надоместоци, минатата година се исплатени 55.064.106 денари, што значи дека просечната бруто плата била 111.918 денари. Интересен е податокот дека, сепак, за плати и надоместоци лани било исплатено за 7 проценти помалку од планираното.

Лани РКЕ исплатила и 2,9 милиони денари за дневници и службени патувања, како и 3,4 милиони денари за интелектуални и други услуги. Вкупните наплатени приходи на Регулаторната комисија за енергетика за периодот 1. 1 – 31.12.2022 година изнесуваат 120.800.250 денари.

Постеваме, дека овие плати се исплаќани во година кога е прогласена енергетска криза, кога граѓаните добија значително зголемени сметки за струја, додека истовремено владата преку субвенционирање испумпува пари во австриската ЕВН.