Несогласувања со НАТО – Шведска не може и не сака да ги исполни турските барања

Шведскиот премиер Улф Кристерсон изјави дека Турција, која од мај го блокира влезот на Шведска и Финска во НАТО, има барања кои Стокхолм не може и не сака да ги исполни.

Турција, исто така, потврдува дека го направивме она што рековме дека ќе го направиме, но тие исто така велат дека сакаат работи што не можеме и не сакаме да им ги дадеме. Убедени сме дека Турција ќе донесе одлука, само не знаеме кога, изјави Кристерсон на Конференцијата за одбрана и безбедност на која присуствува и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Кон крајот на декември шведскиот Врховен суд одби да го екстрадира новинарот Булент Кенес во Турција, на барање на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.бВрховниот суд на Шведска тогаш објави дека има „пречки за екстрадиција бидејќи се работи за така наречени политички злосторства, односно злосторства насочени против државата и од политичка природа”.

Иако помина долго од поднесувањето на кандидатурата, сепак турскиот и унгарскиот парламент го немаат ратификуван договорот за членство на Шведска и на Финска во НАТО.