ММФ: Нè чека поголема економска криза – Половина ЕУ оди во рецесија

Tретина од светот ќе падне во рецесија! – Вакво предупредување даде шефицата на ММФ објаснувајќи дека место за оптимизам нема, бидејки трите главни економски сили забавуваат со глобалниот раст, САД, ЕУ и НР Кина успоруваат.

Инфлацијата, високите каматни стапки и војната во Украина таа ги посочи како главни причини за ова и додаде дека дел од последиците по корона кризата не се санирани.

„За поголемиот дел од светската економија, ова ќе биде тешка година, потешка од онаа што ја оставивме за над. Зошто? Бидејќи трите главни еконосмии забавуваат истовремено. САД се најотпорни. САД може да избегнат рецесија. Половина од ЕУ ќе биде во рецесија. Економскиот раст во НР Кина ќе забави. Следнава година ќе биде уште потешка за нив. И тоа се отсликува во негативни трендови на глобално ниво“, изјави Кристалина Георгиева, претседателка на ММФ

Според Георгиева, светот е невозможно да се врати во ситуација како пред Ковид кризата и смета дека не очекуваат нови кризи, неизвесности и поскапувања.

„Немојте да мислите дека ќе се вратиме на предвидливоста пред Ковид. Не чека уште повеќе неизвесност, повеќе преклопување на кризи. Наместо да плачеме за времето што го имавме, мораме да дејствуваме на поагилен, превентивен начин.“

ММФ во октомври лани ја намали прогнозата за светскиот раст од 2,9 на 2,7%, а еден месец подоцна ЕК објави дека во текот на зимата, Унијата ќе биде зафатена од рецесија.

Оваа економска Криза видно се рефлектира и врз македонската економија која, според статистиката на Светската банка, за 2022 Македонија имаше најмал раст во регион