Oткако левица објави за лошите услови се запали домот „Ранка Милановиќ“

Додека СДС, од позиција на власт, се обидува да ја замаи јавноста со некакви си “хуманитарни” акции, низ јавните социјални и културно-образовни институции владеат субхумани услови!

Случајно или не, по само неколку дена откако Левица алармираше за катастрофалната состојба во некогашниот дом за деца и младинци, “Ранка Милановиќ”, ноќва во истиот избувна пожар.

Искршени прозорци, стаорци низ дворот, ужасна реа, испукани водоводни цевки, поплавени подруми, без струја, е само дел од призорот во домот, во кој живееа околу стотина бездомници, заборавени од државата и институциите.
Според жителите во објектот, ваквите нехумани услови во крајна нехигиена биле причина за се почести смртни случаи. Се жалеа и дека се изиграни од државата, дека им било ветено решавање на станбеното прашање, а дел од нив немаат ниту здравствено осигурување.

Министерството за труд и социјална политика, иако е запознаено со случајот, реагираше споро и инертно. Веќе подолго време изјавуваа дека “работат на проценки на терен и дека се работи за обезбедување на социјална заштита”, но, како по обичај, сè се завршува со празни ветувања.

Дали пожарот кој избувна е несреќен случај или е обид за заташкување на неспособноста и негрижата на властите, останува да видиме.