Димков: Страшно е што треба студентите да се плашат да влезат во кујна

Шест студенти сместени во домот „Пелагонија“ се затруле со храна и завршиле на Инфективна клиника каде што им била дадена медицинска помош. Лидерот на Студентски отпор, Кристијан Димков ja сподели информацијата дека студентите кои завршиле на инфективна вчера јаделе оброк со расипани јајца.

„Страшно е што треба студентите да се плашат да влезат во кујна, а родителите да ги мислат своите деца дали ќе добијат или не здрава храна. Денес до нас пристигна информација за труење од храна во студентскиот дом Пелагонија во Скопје. Навистина сме згрозени сме од фактот што во моментот многу студенти се жалат и се завршени на инфективните клиники. Го осудувам игнорантниот однос на власта кон студентите и ваквите нехумани услови во кои студентите престојуваат“ – изјави Димков за А1он.

Тој јавно прашува дали вакви студентски оброци ветуваше Владата или ги гледаше студентите само како пропаганден материјал за користење каков што беше ручекот на премиерот Димитар Ковачевски со студентите.