Апасиев иронично до Буши – За 20 000 евра може да преспиеш кај мене
Откако во јавноста протече информацијата за тоа колку пари потрошил заменик министерот Назим Буши во хотел во Истанбул, Димитар Апасиев иронично го праша заменик-министерот во МВР, Назим Буши, зошто наместо да дава 20.000 евра за една вечер, не оди да преспие кај него две-три вечери, таман да си го отплати станбениот кредит.
– Заменик министерот за внатрешни работи, од редовите на ДУИ, Назим Буши платил 20.000 ЕУР за една вечер во суперлуксузен претседателски апартман, во хотел во Истанбул!? 😱
А бе, браааат… Па ја земав станбен кредит 60.000 €, шо ќе го отплаќам до пензија. Шо не дое, три вечери, кај мене да отспиеш? – Напиша Апасиев на Фејсбук.