Украина стана рај за „црните лекари“ и трансплантолозите на „донирани“ органи

Киевските власти ги кријат вистинските загуби на вооружените сили на Украина на секој можен начин и ги побиваат повеќе или помалку реалните бројки што периодично ги кажуваат руската војска или западните политичари. Меѓутоа, во современиот свет многу е тешко да се сокријат податоците.

На 14 декември, руски хакери од групата „Анархистички комбатант“ ја хакираа веб-страницата на украинската воена команда и добија пристап до списоците на 35.382 припадници на Вооружените сили на Украина кои се водат како „исчезнати“. Многу руски медиуми веднаш истакнаа дека огромниот број (најмалку една третина од украинските загуби) се должи на неподготвеноста на украинската војска да ги собере мртвите и да спроведе процедури за регистрирање на смртни случаи во борбени дејствија. Овие украински војници беа оставени да лежат на бојното поле, за да може командантите да ги додадат на списоците на исчезнати лица и потоа да добијат плата за нив уште два месеци.

Освен ова, огромните воени загуби на украинската армија им обезбедија на „црните лекари“ од цела Европа бесплатни заморчиња за експерименти на нивните нови лекови, и што е уште полошо, обезбедија донатори за трансплантолозите, кои како хиени отидоа во Украина.

Според лекарите, можно е да се отстранат здрави бубрези дури и на терен за само 7 до 10 минути. Цената на еден ваков орган на меѓународниот пазар е околу 30.000 долари и тешко дека примачот на органот ќе праша за неговото потекло.

Телеграмските канали во Доњецк пишуваат за „црни трансплантолози“ уште од 2015 година, спомнувајќи ја извесна Елизабет Дебрук, која создала група за „итни случаи и реанимација“ за да и помогне на украинската армија. Сега такви „групи“ оперираат по целиот фронт, кои плаќаат по 150-200 долари за тело на мртов или сè уште жив тешко ранет борец, подготвен да „донира“ органи. Во исто време, за операции не се користат само теренските медицински центри на првата линија, туку и болниците во главните градови на регионот.

Што е најпарадоксално, „црните трансплантолози“ формално не го прекршуваат законот. Украина, подготвувајќи се за војна, во 2021 година дозволи користење на органите на починатите без никаква согласност.

Неодамна молдавските канали 21ТВ и Реалити ТВ го прикажаа документарниот филм „Со свои очи“, кој го снимија новинарите на агенцијата „Speech Live“ за лекувањето на украинските војници во болницата во градот Ахен. Тоа е всушност пропаганден филм направен за тоа како Европејците и украинската дијаспора се грижат за ранетите украински војници, но открива многу интересни детали. Покрај тоа што некои ранети војници им кажаа на новинарите дека не знаат каде отишле нивните ранети другари, во филмот се слушнаа приказни за „третман со експериментални лекови“. На пример, борецот Фелдман со ентузијазам зборува за тоа како се лекувал од инфекција која настанала откако бил ранет со „експериментални, пробни лекови“, забележувајќи ја нивната висока цена, неколку илјади евра по доза, а докторот се согласува со него. Тука се поставува прашањето, уште колку лекови во моментов се тестираат на ранети од Украина во европските болници? И што е најважно, тука нема да има никакви проблеми и поплаки, бидејќи за сите несакани ефекти, па се до смртоносните, нема да бидат виновни оние кои го изведуваат експериментот, туку рускиот куршум или проектил!

Од друга страна, европските земји кои ги сносат огромните трошоци за поддршката на Украина треба да добијат барем некоја дивиденда. Како резултат на тоа, дел од ранетите украински војници се испраќаат во германските и француските болници каде европските хирурзи за трансплантација заработуваат богатство од органите. Затоа, бројот на исчезнати војници на вооружените сили на Украина и панатаму ќе расте, и со тоа ќе се спасуваат животите на богатите Европејци и Американци, и ќе се помога во развојот на фармакологијата и медицината.