АктуелноЛокално

Левица: Трета укината пресуда во корист на Сашо Мијалков – награда од СДС во уделот за промената на името

  • Реакција на политичката партија Левица

Апелациониот суд вчера по трет пат укина осудителна пресуда против Сашо Мијалков, откако претходно ги укина пресудите за случајот „Трезор” и за случајот „Титаник 2”, со кои Мијалков доби осум и три години затвор.

Повторно се потврди зошто довербата во правосудството е сведена на очајни осум проценти, откако се обзнани дека Апелациониот суд ја укина пресудата за предметот „Таргет-Тврдина” – случај за масовното незаконско прислушување со која беше осуден поранешниот директор на УБК на 12 години затвор.

Срамната одлука ја донесе Советот на судии, каде претседател е Јани Нича, а членови се Енвер Беџети, Ѓоко Ристов, Тања Милева и Лидија Чачева (која на 7 декември отишла во пензија, што долева дополнителни контроверзии на одлуката).

Потсетуваме дека судијата Јани Нича беше дел од Советот на судии кој минатиот месец ја укина првостепената пресуда за случајот „Трезор”,каде Мијалков беше осуден на 8 години затвор, а кој предмет се однесуваше за опремата за УБК, преку која е оштетен буџетот со над 860 илјади евра.

Судијата Тања Милева е сопруга на Игор Милев, кој беше член на ДИК од СДСМ, а потоа и вработен во Царина.

Судијата-известител Енвер Беџети од март го чува во фиока овој предмет, додека истиот е кандидат за врховен судија. После скандалозниот избор на партиските извршители Ислам Абази и Весна Дамева, очекуваме Беџети да биде награден со титулата врховен судија.

Бидејќи е со обвинителен предлог, а не со обвинителен акт, на Мијалков за две години му застарува кривичниот прогон за овој предмет.

Ако се има во предвид изјавата на поранешниот премиер, Заев, кој потврди дека Сашо Мијалков разговарал со осумте пратеници за промена на уставното име, јасно е дека третата укината пресуда во корист на Мијалков е награда за неговиот удел во насилничката промена на уставното име