Левица: За Хелиум градската инспекција констатира узупација на јавен простор

  • Соопштение на Левица Град Скопје

По барање на советниците од Левица во Советот на Град Скопје, од Одделението за комунална инспекција при Град Скопје, до советниците на Левица, пристигна известување по вонредниот инспекциски надзор извшен на локацијата на “Хелиум кафе” во скопската населбата Ново Лисиче – во кое се констатира дека сопственикот Бобан Несторовски, спротивно на елаборатот поднесен во Град Скопје, узурпира јавна зелена површина.

Советниците на Левица, од секоја единица на локална самоуправа, водени се од единствени цели за заштита на јавниот интерес од дивеењето на поединци, блиски до големите партии. Затоа, праксата на следење и реагирање за овој и слични случаи ќе продолжи и во иднина.