АктуелноЛокално

(Видео) Крмов против Џафери: Вршите политичка дискриминација врз пратениците од Левица

  • На денешната пленарна седница, пратеникот Крмов по втор пат се обиде да го стави на дневен ред предлог – Законот за уставни судии на Левица, кој во јуни беше одбиен од парламентарното мнозинство да се стави на дневен ред.

Со кршење на Деловникот, времето на обраќање на пратеникот Крмов од 10 минути беше скратено на три минути, со што повторно се докажа недемократското и насилничко однесување на спикерот Џафери. Денес повторно пратениците од власта гласаа „Против“ предлог-законот за уставни судии да се стави на дневен ред.

„Вие свесно го кратите времето на обраќање на пратеник од 10 на три минути – со што свесно го кршите Деловникот!
Со вашето однесување, најгрубо е прекршено основното право на пратеникот (по член 71 од Уставот) ние да предлагаме закони.

Тука заради политички причини, мене и на колегата Апасиев им е ускратено уставното право и деловничкото загарантирано право да предлагаме закони.

Ние предлагаме закони, кои одат во процедура само ако спикерот Џaфери така сака!”