(Видео) Отовиќ: Работодавачите ги злоупотребуваат законските измени за „недела неработен ден“

  • Изјава на координаторот на Правниот сектор на Левица – Персида Отовиќ Стојановска:

„Тенденцијата на измената на Законот на работни односи, за недела неработен ден, беше да се зголемат правата на работниците, што впрочем е и тренд на европските земји – да се намалуваат работните денови, дури и од пет на четири дена во неделата и така, во многу европски градови, неработниот ден е неработен за сите.

Кај нас, за жал, во трговските центри работат одредени продавници, маркети и така не само што се злоупотребуваат правата на работниците, туку се дискриминираат и одредени трговци кои не се наоѓаат во трговските центри.

Затоа сметам дека не е остварена целта на законот и тенденцијата на законодавецот, како и дека не се заштитени работниците.“