Нема класно без национално ослободување – провизиите се качени во корист на странскиот капитал
- Соопштение на политичката партија Левица
Македонската економија има големо присуство на странски банки во домашниот банкарски систем – дури 76.3 отсто! Доколку се анализира движењето на промените во сопственичката структура на банкарскиот систем низ годините се забележуваат драстични промени во корист на странскиот капитал. Позначителен скок во промената на сопственичката структура е забележан во текот на 2007 година поради премин на капиталот во доминантна сопственост кај странски акционери.
Доминантни акционери се странците, иако доминантен дел од финансирањето доаѓа од домашните депозити. Влезот на странскиот капитал е поврзан со повисоки камати, провизии и надоместоци, на сметка на домашното население. Власта, која нема храброст ниту политичка волјја да се спротивстави на лихво-банкарството, ги држи вратите ширум отворени за влез на странски капитал.
- Левица во својата програма предвидува воведување државна комерцијална банка за бескаматно кредитирање на населението, а преку која вработените во јавниот сектор ќе ги примаат своите плати. Ова ќе придонесе за намалување на вишокот на ликвидност на банките и ограничување на екстра-профитите и бонусите на банкарите.
- Левица се залага за ограничување на банкарските провизии, и каматни стапки и укинување на зеленашките т.н. „брзи кредити“, поради лихварски камати и предизвикување должничко ропство на народот.