Нема правда за 80 спортисти од Илинден и Петровец
- Реакција на Академија Хулк
Нема правда од Македонската Таекводно Федерација за 80 спортски членови на нашата школа. Иако нашиот клуб е еден од ретките клубови со голема бројка на спортисти кои се подготвени да искочат на меѓународни натпревари, МТФ сеуште ни го оспорува правото на натпреварување.
Македонската Таекводно Федерација оспорува над 20 спортисти од врвен калибар да се борат за медали на националните и меѓународните натпревари. Нашиот клуб и покрај сите исполнети барања и документи сеуште не може да се најде на листата на членки во МТФ.
Нашите натпреварувачи на регионалните натпревари во последниот период се закитија со врвни пласмани и медали и истите овие деца заслужуваат да им се укаже шанса да се борат позади знамето на Македонија и МТФ.
Затоа како клуб, испраќаме апел и барање до МТФ да престане со дискриминација на нашиот клуб, нашите натпреварувачи заслужуваат да ја имаат можноста да се натпреваруваат, а решението стои директно под палката на МТФ.