Левица: Амбулантата во Општина Илинден во распаѓање – граѓаните во опасност
- Реакција на ЛО Левица – Илинден
Како резултат на лошото и недомаќинско владеење како на СДСМ така и на ВМРО ДПМНЕ, на граѓаните во Општина Илинден им се заканува опасност наместо да добијат соодветен здравствен третман тие да настрадаат и да се здобијат со повреди во амбулантата која повеќе од очигледно е во распаѓање.
Апелираме до властите, како на локално ниво така и на централно, најитно да преземат мерки за санирање на амбулантата со цел да се овозможи непречено и безбедно пружање на здравствена помош за граѓаните на Општина Илинден.
Укажуваме на тоа дека трендот на неинвестирање во објектот продолжува и денес, односно ниту ВМРО ДПМНЕ не инвестираа додека беа на власт на централно нивно, ниту СДСМ кои што денес владеат, што укажува дека и двете политички партии сносат директна одговорност за тоа што граѓаните на Општина Илинден денес имаат небезбедна амбуланта што може во секој момент да се сруши.