(Видео) Вашата идеја се истроши 30 години – нашата идеја стапува на сцена
Контра – реплика на пратеникот од Левица Борислав Крмов кон Димитар Ковачевски
Во одговор на пратеничкото прашање на Борислав Крмов, премиерот Ковачевски со шаблонски обвинувања истакна дека анти-приватизациските политики на Левица се изумрена идеја.
Со паушален говор дека македонскиот јазик е заштитен и дека не постои алтернатива освен ЕУ и НАТО, Ковачевски повторно ги демонстрира ограничените капацитети на најнеспособната гарнитура на власт.
Во продолжение контра-репликата на пратеникот на Левица, Борислав Крмов кон премиерот Ковачевски.
„Кога имаше државна планска економија, имаше развој, имаше наталитет и луѓето седеа тука. Тоа време не е завршено, тоа време е ставено на пауза и тоа време ќе продолжи – тоа јас ви го гарантирам.
Вашата идеја се истроши овие 30 години – нашата ИДЕЈА стапува на сцена”
Во репликата, Крмов дополни дека нема попонижувачко во 21 век премиер да се фали со флоскулата “чист македонски јазик” ,додека истиот премиер своеволно и свесно ја прифати бугарската Декларација која тврди дека не постои македонскиот јазик.