САД воведоа санкции за компании од Кина, Хонг Конг и ОАЕ
- Пишува: Љубиша Петровски
Соединетите Американски Држави воведоа санкции за повеќе од десетина компании со седиште во Кина, Хонг Kонг и Обединетите Арапски Емирати, кои Вашингтон ги обвинува за олеснување на продажбата на ирански петрохемиски производи и нафтени деривати на клиенти во Источна Азија.

Американското Министерство за финансии објави дека санкционирало 13 фирми за кои вели дека ја олесниле продажбата на ирански петрохемиски производи и нафтени деривати во вредност од стотици милиони долари на купувачи во Источна Азија во име на иранските компании кои се под санкциите на САД.
„Денешната акција дополнително ги покажува сложените методи за избегнување на санкциите што ги користи Иран за нелегална продажба на нафта и петрохемикалии. САД ќе продолжат да применуваат санкции против оние актери кои ја олеснуваат таквата продажба“, се вели во соопштението на Брајан Нелсон, потсекретар за тероризам и финансиско разузнавање на Министерството за финансии.