Тито Петковски: Левица е феномен на политичката сцена

Во гостување на Тито Петковски во Само интервју на Канал 5, поранешниот претседател на НСДП истакна дека поголемите политички партии отсекогаш се трудат да ги згазат и ги држат малите политички партии на страна од напредок, но истакна дека Левица е исклучок од тоа. Тој додаде дека големите играчи на политичката сцена си помагаат за нов политички субјект да не успее.

Левица е феномен на политичката сцена, на еден сосема друг начин ја промовира македонската политика. Тие имаат многу попрагматичен пристап во своите пораки. Жестоки се во настапите, оставаат впечаток дека веруваат во своите квалитети, веруваат во исправноста на нивната програма.

Поблиску се до младите луѓе со таква реторика и како што гледате, голем дел млади луѓе мобилизираат. Со години се бара алтернатива, сити се луѓето од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и луѓето сакаат свежина на политичката сцена и поинаков речник, практицирање на друга политика.

Левица се наметнаа со некој интелектуелистички пристап во некои програми што ги предлагаат, што не беше својствено, прават анализи на нивните настапи, политичкиот маркетинг е близок до менталитетот на нашиот млад човек.” – вели Петковски