Културен дом „Ченто“ – оставен во заборав на времето

  • Соопштение на Политичката партија Левица

Со години водиме расправа за тоа како не е пожелно да се препушти просторот на секој кој случајно ќе се најде во времето за да може да ги растегнува мислите, делувањето, владеењето на просторот и луѓето според своите апетити. Со тоа индиректно и живототите на сите засегнати во таа област.

Културниот дом во населбата Ченто, во рамките на општина Гази Баба, е изграден во времето на „мрачниот“ социјализам. Во склоп на него постоеле: кино сала со 300 седишта, дом во кој се одржуваа културни манифестации, театарски гостувања, музички настани итн. Сето тоа допринесуваше за подигање на културната свест кај населението, највеќе за младите од училиштата во близина.

Културниот дом поседуваше и салонски клавир кој за жал беше размонтиран дирка по дирка, искршен, едноставно витосан. Сите политички партии кои имаа (и сеуште имаат) можност за делување во сите овие изминати години, со акцент на ДПМНЕ и СДСМ, мудро молчат и оставија децениите и општествените паразити да го девастираат културниот дом. На крајот губитници се жителите на општината бидејќи се даде моќ на неспособни властодршци, се поради една зицер изрека „молчењето е злато“.

Молчењето е злато само тогаш кога од другата страна имаш противник кој е достоен на нивото кое е квалитетно поставено. Во секој друг случај тоа е чин на кукавиклук и секоја илузија на моментална победа е пирова. Левица нема да молчи!

Затоа Левица пулсира секогаш со народот и ќе се бори за ревитализација на културниот дом со подигање на нивото на култура на народот, а не спуштање на културата на ниво на политичките предатори.