Крајевски: Поразително е мерките за штедење да бидат на грбот на студентите
Јован Крајевски од Левица во емисијата 24 анализа рече дека за Левица е поразителен факт што протести се решаваат вакви работи и новиот предлог закон ги изреволтирал студентите. Да се штеди на тоа, е страшно поразително.
„Разбирам да се штеди на други места, но за студенти за оброк не смее.“
Според него, ова е само една од причините која ја прелеа чашата на револтот кај студентите. Тој потенцираше дека на денешниот протест, студентите излегоа и со низа други барања.
„Револтот на студентите не е само тоа, туку имаа и други барања, стипендиите ретроактивно да се исплаќаат и да не се наметнуваат мерките за штедење на студентите. Доаѓаме до ситуација кога сликата со студентските домови е катрастрофална,“ – рече Кајевски.