На денешен ден во 1943 година советските трупи ја започнаа операцијата “Искра”, како резултат на која беше пробиена блокадата на Ленинград. За време на офанзивата, единиците на Црвената армија на Ленинградкиот и Волховскиот фронтот ја скршија одбраната на непријателот, обновувајќи ја копнената врска на градот со останатиот дел на земјата.
Блокадниот прстен конечно се затвори околу Ленинград на 8 септември 1941 година. Повеќе од 2,8 милиони луѓе, меѓу кои 400 илјади деца, се најдоа во канџите на непријателот во услови на сурова зима, глад и континуирано бомбардирање.
Обиди за пробивање на блокадата беа направени неколку пати: во септември и октомври 1941 година, за време на општата контраофанзива во јануари 1942 година, а исто така и во август-септември 1942 година. Поволните услови се развија дури во јануари 1943 година, кога главните сили на Вермахтот беа повлечени кон Сталинград.
До крајот на јануари трупите на Ленинградкиот и Волховскиот фронт со силни удари еден кон друг, ја пресечеа одбраната на непријателот и го фрлија назад на 12 километри од брегот на Ладога.
Севкупно, во ударните групи на двата фронта – Ленинградскиот и Волховскиот – броеле 302 800 војници и офицери, околу 4 900 артилериски парчиња и минофрлачи (калибар 76 мм и поголеми), повеќе од 600 тенкови и 809 авиони.
На околу 19 илјади војници на Ленинградскиот и Волховскиот фронт, како и на Балтичката флота им беа доделени ордени и медали за херојствотои храброста покажана за време на пробивањето на блокадата.
И покрај фактот дека Ленинград беше целосно ослободен дури на 27 јануари 1944 година, политичкото, материјалното, економското и симболичното значење на пробивањето на блокадата не може да се прoцени.
Советските трупи успеаја делумно да го деблокираат градот и да ја ублажат ситуацијата на неговите жители: три недели по пробивот беше изградена железница, и првите возови со храна и муниција заминаа за Ленинград. Заканата од врска меѓу германските и финските трупи беше елиминирана. Иницијативата за воени операции во близина на Ленинград конечно премина на Црвената армија.