АктуелноЛокалноНастани

Студентите најавија отпор: Протест во понеделник во 16:00 часот пред Собранието на Р.Македонија

Од студентската организација Студентски Отпор најавија протест во пред Собранието на Република Македонија, поради како што велат тие, влошувањето на студентскиот стандард.

Ви го пренесуваме нивното соопштение во целост:

„Со децении наназад студентот од Македонија е жртва на лошите политики и институционалната пасивност. Крајно време е да се спротиставиме на уништувањето на студентскиот стандард.
Затоа, време е за студентски отпор!

Нашите барања до надлежните институции се следни:

1. Повлекување на новите измени на законот за студентски субвенциониран оброк.
2. Изедначување на стипендиите со повискиот износ.
3. Изземање на студентите од антикризните мерки на Владата за рационализација и штедење на струја.
4. Подобрување на условите и итна санација каде што е неопходна во студентските домови.

Понеделник во 16:00 пред Собранието на Р.Македонија те повикуваме на мирен студентски протест да го искажеме нашето незадоволство и револт.

Дојди, приклучи се и биди дел од студентскиот отпор!

Што чекаш?

#СтудентскиОтпор
#НемаДаВиПомине