Русија ќе испорача 500.000 тони жито бесплатно
Русија, со учество на Турција, е подготвена бесплатно да испорача до 500.000 метрички тони жито во најсиромашните земји во следните четири месеци, изјави во саботата рускиот министер за земјоделство Дмитриј Патрушев на каналот „Русија-24“.
„Имајќи предвид дека Русија отсекогаш била и останува сигурен партнер, таа е подготвена да му ја обезбеди на светот потребната количина на храна. Нашата земја е подготвена во период од четири месеци да снабди 500.000 метрички тони жито бесплатно, за најсиромашните земји“.
Освен житото кое Русија е спремна да го даде бесплатно Министерот додаде дека тие се за останатиот дел од светот житото да го продадат по пристапни цени.
„Ако ја гледаме ситуацијата воопшто, тогаш, земајќи ја предвид жетвата оваа година, Руската Федерација е апсолутно подготвена да го извезе украинското жито и да го извезе по пристапни цени за сите земји кои им е потребно“, рече Патрушев.
Претходно руското Министерство за земјоделство соопшти дека веќе се собрани 147,5 милиони тони жито. Според прогнозата на министерството, пченицата ќе сочинува 100 милиони тони од 150 милиони тони жито што се очекува да се соберат до крајот на 2022 година.