АктуелноЛокално

Крајевски: Банките плаќаат данок 13 милиони евра, а народот само за струја плаќа данок 36 милиони евра

Покачувањето на ДДВ за струја од 5% на 10% според министерот Бесими било оправдано бидејќи така сметките на домаќинствата ќе се приближеле до реалната цена на струјата на пазарот и народот повеќе ќе штедел?!

Според Завод за статистика, жител во Македонија просечно троши 1463 kWh годишно или 122 kWh месечно. 5% ДДВ на тоа се 35 денари месечно. Нека се 50 денари, поради блоковите.

Колку домаќинства ќе фатат да штедат за 50 денари од човек месечно, кога веќе лебот е дупло поскап од тоа? А колку ДДВ плус ќе собере државата од преку 1.8 милиони жители? Речиси 18 МИЛИОНИ ЕВРА годишно.

Сега чисто за споредба: трите најголеми банки во Македонија во 9 месеци имаат направено профит од 96 милиони евра. Ако продолжат со исто темпо и годинава ја завршат со 128 милиони евра профит, државата од тоа ќе собере 12.8 милиони евра данок.

Ете тоа е социјалдемократијата, другари, во која најголемите банки плаќаат данок од нецели 13 милиони евра, а народот само за струја плаќа данок од 36 милиона евра, а Бесими му вика “добро е тоа за тебе, те учи да живееш аскетски”.