Димитар Апасиев: ЕУ-фундаменталистите викаат ЕУ па Македонија, ние викаме обратно, тука е клучната разлика

На вчерашното гостување во емисијата „Само интервју‘‘ на Канал 5, пратеникот и претседател од Политичката Партија Левица, Димитар Апасиев, покрај тоа што го изнесе референдуското прашање, тој даде свое видување во однос на приемот на Македонија во Европската Унија и изјави дека нашата генерација нема да дочека да влезе во унијата освен ако тоа не се направи исфорсирано исто како со НАТО. Тој рече дека такво нешто би се случило во смисла на геополитичко, геостратешко, влегување на цел Западен Балкан без никакви критериуми.

Во продолжение тој додаде дека има една теза која сака да ја сподели колку и да звучи неубава, а тоа е дека ЕУ е исламофобична и дека не прима земји со муслиманско население.

Видете го го примерот со Турција колку време Турција од 1987 ма е кандидат, од кога се родиле некои од нашите генерации, од 2005 има почеток на преговори и ниедно поглавје нема завршено, значи тука е Босна,тука е Косово, Црна Гора, Албанија и Македонија и сега малку е индикативно зошто баш овие земји не се примаат ,зошто баш ние сме заглавени во чекалната‘‘ рече Апасиев.

Тој додаде дека рационално е да размислуваме за нови перспективи и паралелно ќе преговараме, единствено што клучната разлика меѓу нашата позиција и ЕУ – фундаменталистите е тоа што они викаат ЕУ па Македонија, а ние обратно, Македонија па ЕУ.