Смилев: Oпштинската администрација ја напуштаат сите професионалци
- Фејсбук статус на Игор Смилев – Советник од Левица во Општина Велес
Абе еднаш јавно пофалив професионално и стручно вработен кадар во Општина Велес кој дојде оваа година, и тој еден си замина… и за жал не успеа по општинските ходници ни половина година.
Срце јуначко и професионално не издржа во тој општински партиски пекол. Влатко Саздов – градежен инжењер, редок професионалец, неколку години вработен како надзор од ЕУ, на брзата пруга Белград- Нови Сад, заминува од Општина Велес по само 6 месеци работа како раководител/вработен во комуналното одделение.
Неговиот пример го следат и уште неколкумина повеќе децении вработени кадри од правната , сообраќајна и комунална сфера.
Локалниот еколошки инспектор веќе стана митско суштество, а одделението за животна средина остана да се изучува само во митологијата. Општина Велес живее.