Блумберг: САД и ЕУ ја разгледуваат можноста за сaнкции против Кина по примерот на Русија

Официјални лица од САД и Европската Унија ја разгледуваат можноста за воведување санкции против Кина користејќи го искуството што го имаат со воведувањето санкции за извоз на стоки во Русија, пишува Блумберг.

Според информациите на агенцијата, сличен предлог може да се слушне и при формирањето на агендата за следниот трговски форум меѓу САД и ЕУ, што ќе се одржи на почетокот на декември.

Засега Европската унија не размислува да го примени истиот пристап кон Кина како и кон Русија, бидејќи околностите се различни. Сепак, еден соговорник на агенцијата нагласи дека некои земји предлагаат да се истражи која стока Пекинг би можел да ја искористи за да го зајакне својот воен потенцијал, за да им воведе ембарго.

Претходно, кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји во телефонски разговор со американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека Вашингтон ги прекршил правилата за слободна трговија со воведувањето нови правила за Пекинг во однос на контролата на извозот.

На почетокот на октомври, американското Министерство за трговија стави на список од 31 компанија од Кина на кои им е забрането да снабдуваат технолошки производи.