Левица: Честитки за победата на левичарот Лула на претседателските избори во Бразил

  • Соопштение на Левица – Сектор за Надворешна Политика и Безбедност

Лула Да Силва е победникот на вториот круг од претседателките избори. Со освоени 50.9% од гласовите, Лула го порази Болсонаро, кој ќе остане запаметен по своите крајно десничарски политики.

Додека во Европа сѐ почесто сме сведоци на десничари кои ја освојуваат власта, и додека ЕУ не само што молчи, туку и го поддржува отворениот фашистички наратив на своите земји членки кон останатите држави (вклучително и кон Македонија), Јужна Америка сигурно чекори на патот на прогресот и полека прераснува во лулка на непокорот кон Западната хегемонија.

Левица испраќа искрени честитки до новиот претседател Лула Да Силва и ѝ посакува на Работничката Партија успех на следните изборни циклуси.