Левица: Вандализирана бистата на Никола Вапцаров пред отварањето на македонскиот клуб во Благоевград

  • Реакција на политичката партија Левица

Непосредно пред отворањето на македонскиот клуб “Никола Вапцаров” во Бугарија, бистата на социјалистичкиот поет е вандализирана во Градскиот Парк во Скопје.

Пробугарските СДС експедитивно реагираа за опожарувањето на фашистичкиот клуб “Ванчо Михајлов” во Битола, но кога станува збор за сочувување на македонската анти-фашистичка историја, тие по автоматизам се приклонуваат кон системското тридецениско руинирање на АСНОМ-ските темели на Републиката.

Левица, како единствена анти-фашистичка партија во Собранието, со своја делегација ќе присуствува на отворањето на македонскиот клуб “Никола Вапцаров”, испраќајќи јасна порака врз кои историски личности треба да се гради соработката помеѓу балканските народи.