Барањето за референдум на Левица стои во фиока, но издадена експресна дозвола за втора зграда кај Холидеј Ин
- Реакција на Левица – ЛО Центар
Службите од секторот за урбанизам и градоначалникот на Општина Центар молчешкум и набрзина издале дозвола за втора зграда спроти Холидеј Ин!!
Од друга страна поднесеното барање од страна на советниците на Левица за спроведување на референдум за поништување на одлуката за ДУП-от спроти Холидеј ин воопшто не се става на дневен ред веќе неколку месеци!!
Ја потсетуваме јавноста дека на последното гласање советниците и на ДПМНЕ и на СДС избегаа од седница! Со ваквото самоволно постапување на Општина Центар граѓаните се ставаат во безгласна позиција и истите треба да живеат во хаосот кој општината го приредува.
Имено, без доволно добра оцена на односот помеѓу зеленилото и градежните активности во општина Центар и без слух за потребите на граѓаните општина Центар тоне во градежни активности! А сето тоа благодарение на неспособноста на СДС и ВМРО кои очигледно имаат корист од ваквата состојба па се плашат од одговорот на народот кој би ги поништил овие несоодветни одлуки!
Левица бара од советниците и градоначалникот на општина Центар да не се кријат и да го стават референдумот поднесен од Левица на дневен ред со што би се спречил овој куршлуз во кој ја ставија Општина Центар и нејзините жители!