Нов скандал: Ла Верита откри дека Заев лажел за фирмата посредник за набавка на кинески вакцини

Италијанскиот весник „Ла верита“ за скандалот за тоа како Македонија ги набавувала кинеските вакцини, утрово ги објави писмата на македонскиот министер за здравство Венко Филипче до кинескиот производител на вакцини „Синофарм“, но преку една компанија од Хонг Конг формирана во 2017 година. Оваа фирма „Стабри“, е сосема друга од она што премиерот Зоран Заев го изјавуваше деновиве, дека се работи за компанија блиска до „Синохидро“ чија компанија мајка е „Пауер Чајна“.

Во писмото на министерот Филипче испратено на 25 јануари до кинеската компанија „Синофарм“ се вели дека ја ослободува компанијата, односно Кина, од каква било одговорност од евентуални негативни последици од употребата на вакцината. Ова, според „Ла верита“, е спротивно на многу меѓунариодни конвенции и претставува кршење на основната институционална мисија, а тоа е заштитата на здравјето на своите граѓани.

„Веќе е јасно дека лани во декември Кина добила барања, речиси во исто време, и од Македонија и од Црна Гора. Фактот што само вториве успеале да добијат вакцини, ни кажува дека со Скопје и комунистичкиот режим во Пекинг има мака да најде модалитет за соработка, со цел да биде заштитен од евентуални критики поврзани со менаџирањето на т.н. здравствена дипломатија“, пишива новинарот на „Ла верита“ Џовани Каподистрија.

Но тоа што за Заев и Филипче не било воопшто спорно им станало сомнително на одговорните од Синофарм бидејќи фирмата„Starbi International” од Хонг Конг не се знае ни колку вработени има, доколку ги има воопшто, фирмата исто така според регистарот во Х.К. нема медицинско ниту фармацевтско портфолио. Таа е регистрирана во 2017г, само 5 месеци по формирањето на владата на Заев, открива весникот.