АктуелноИнтернационално

Левичарите и синдикатите во Франција повикаа на штрајк

Во Франција денеска се очекуваат голем број инциденти и немири по свикувањето на национален штрајк од транспортните работинци на кој повика синдикатот. Тие велат дека се останати во ќорсокак поради одлуките на владата кои предизвикаа недостиг на горива и празнење на нафтените резерви.

Овие протести започнуваат откако работниците во неколку рафинерии и складишта управувани од енергетскиот гигант „Тотал Енерџис“ (Total Energies) гласаа за продолжување и интезивирање на штрајкот.

Нивната индустриска акција сериозно ја наруши дистрибуцијата на гориво низ целата земја, а најмногу погодени се во северна и централна Франција и во регионот на Париз.

Возачите се обидуваат да ги наполнат резервоарите со гориво бидејќи штрајкот, што трае речиси три недели, го наруши снабдувањето на повеќе од 30% од бензинските пумпи во Франција што се одрази со негативен ефект во сите економски сектори.

Владата на претседателот Емануел Макрон ги искористи овластувањата за да принуди некои штрајкувачи да се вратат назад на складишта за гориво, потег што дополнително ги налути синдикатите.

Ќе продолжиме да правиме максимум“, рече Макрон по вчерашниот состанок со министрите, додавајќи дека сака кризата „да се реши што е можно побрзо“. Министерот за финансии Бруно Ле Мер претходно рече дека е неопходно да се искористат овластувањата за повторно отворање на рафинериите и депоата.

„Времето за преговори е завршено“, изјави Ле Мер за телевизијата БФМТВ.

Протестите на француските синдикати се поддржани од левичарските ЦГТ и ФО, кои повикаа на национален штрајк за повисоки плати и против владините решенија за управување со горивата во енергетската криза. Тие се заканија дека нивниот штрајк сериозно ќе го наруши јавниот транспорт.

Синдикатите во другите индустрии и јавниот сектор, исто така, најавија акција во знак на протест против двојното зголемените цени на енергенсите и вкупната инфлација врз трошоците за живот.

Покрај транспортните работници, синдикатите се надеваат дека ќе излезат и од секторите како што се прехранбената индустрија и здравството, изјави шефот на ЦГТ, Мартинез за радиото Франс Интер.