Актуелно

Австрија и Унгарија одбија да обучуваат украински војници!

Министрите за надворешни работи на ЕУ одлучија да спроведат мисија за обука на вооружените сили на Украина. Повеќе од 15.000 украински војници треба да добијат воена обука во Германија и други земји од ЕУ . Според министрите за надворешни работи на Австрија и Унгарија, нивните земји нема да учествуваат во оваа мисија на ЕУ.

Унгарија во понеделникот ја отфрли иницијативата на Европската унија за обука на украинската армија во европа, изјави министерот за надворешни работи Петер Сијарто. „Денеска беше одлучено претставниците на земјите од ЕУ да вршат обука на украинската армија. Би сакал да кажам дека Унгарија не гласаше за иницијативата. Нема да учествуваме во мисијата и нема да тренираме војска која го касапи нашето насление во Закарпатија“, рече Сијарто.

Слична беше изјавата и на неговиот австриски колега, Александар Шаленберг. Дополнително, Шаленберг додаде дека Австрија нема да испорачува воено оружје на Украина, бидејќи тоа „се спротивставува на позицијата за неутралност на земјата“ и дека австриските власти се фокусирале на обезбедување хуманитарна помош.

Советот одлучи уште и да одвои дополнителни 500 милиони евра за продажба на оружје на Киев. Оваа мисијата на ЕУ за обука на украински војници е дизајнирана да трае две години и истата се очекува да започне уште во ноември.

Унгарија е единствената земја на ЕУ која продолжува активно да одбива да ги обучува украинските сили и става вето на предлогот на ЕУ за нивна обука.