АктуелноЛокално

Извршители наплаќале милионски суми од Општина Прилеп

  • Реакција на Левица – ЛО Прилеп

Советниците од Левица во Совет на Општина Прилеп дојдоа до фрапантна информација дека вкупно 25,000,000.00 денари од општина Прилеп се исплатени кон шест извршители од 2016 година до денес.

Ова е енормна сума на пари и логично е да се постави прашањето под кои услови и кој е одговорниот под чија надлежност успевале да се одлеваат средствата. Дали ова е смислен синџир на легално испумпување пари при што намерно се доцни со обврските за потоа извршители блиски на власта легално си наплаќаат?

Станува збор за шест лица кои наплатувале од 35,816 па се до рекордните 14,836,022 денари. Ова се нивните имиња заедно со вкупната сума:

-Извршител Јане Кромидоски – 14,836,022 денари
-Извршител Томислав Џумеркоски 3,177,261 денари
-Извршител Менка Мицеска 35,816 денари
-Извршител Јане Митрески 507,231 денари
-Извршител Каролина Таневска 1,852,863 денари
-Извршител Наташа Катова 90,218 денари

Левица ЛО Прилеп ќе ја истражува информацијата и ќе произлезе со повеќе информации за граѓаните.