(ВИДЕО) Томас Санкара во својот говор пред генералното собрание на Обединетите Нации 1984 гoдина

Државата чиешто име во буквален превод значи земја на горди луѓе, Буркина Фасо, до пред скоро време беше сѐ освен држава на горди луѓе. Револуцијата и еволуцијата којашто се случила во оваа држава е од неверојатно значење, а сепак нејзините достигнувања се релативно непознати за останатиот дел од светот.

Томас Санкара, човекот кој имал длабоко вијание врз животот на Буркина Фасо, а на којашто ѝ го дал и името, бидејќи дотогашниот назив Горна Волта, сѐ уште претставувал дел од колонијалното минато на оваа држава. Во тој период, како голем дел од државите на африканскиот континент, така и Буркина Фасо била под некој вид на ново, но сега “должничко ропство” кон своите довчерашни господари.

Нашата крв е тоа што го храни растот на капитализмот, што ја направи возможна нашата сегашна состојба на зависност и што ја консолидираше нашата неразвиеност. Долу интернационално реакционерство! Долу империјализам! Долу нео-колонијализам! Долу „марионетки“! Вечна слава за луѓето кои се борат за нивната слобода! Вечна слава за луѓето кои стојат рамо до рамо и си ја бранат својата чест. Вечна победа за сите народи на Африка, Латинска Америка и Азија кои ги водат своите борби! Татковина или смрт, ќе победиме!“ – Томас Санкара во својот говор пред генералното собрание на Обединетите Нации, 1984г.

Санкара не се однесувал како и останатите диктатори од овој континент, токму напротив. Реформите кои започнале под неговото 4 годишно владеење по се изгледа имаат ефект и до ден денес. Како западно образован офицер, тој најпрво ги намалил платите на сите државни службеници, па така од најниските административци, па се до министрите во владата, сите добивале еднаква плата.

Понатаму, мерцедесите кои се како неминовен привезок на африканските диктатори, тој ги продал додека тој бил на власт, секој административец возел скоро ист вид на кола. За краток временски период оваа држава успеала дури да стане и независна во поглед на странската помош.

Меѓутоа, реформите не завршиле тука, Буркина Фасо за брзо време станала и една од првите држави на овој континент каде што жените за прв пат биле вистински изедначени во своите права со мажите.

Иницијативите за сѐ поголема слобода на локалната самоуправа, за елиминирање на јавниот долг на државата, за кревање на стандардот на граѓаните, се разбира дека биле во тоа време позитивно дочекани од страна на граѓаните.