АктуелноЛокалноОгледало

Репресијата на македонското малцинство во Грција – анализа на случаи

  • Краток преглед на прогонот од страна на грчката држава во 1990-тите и раните 2000-ти на активистите Христос Сидеропулос, Тасос Булис, Михаел Пападакис и архимандритот Никодим Царкњас. Тие беа прогонувани поради тоа што се залагаа за македонските човекови права во контекст на Грција.

Христос Сидеропулос и Тасос Булис: 1992 – Тие беа цитирани во грчки весник како истакнуваат дека во Грција постои македонско малцинство, како и тоа дека истото ќе настојува да се бори за своите човекови и политички права.  

Грчката влада реагираше со тоа што ги судеше за ширење на лажни информации, и во април, 1993 год.беа парично казнети и осудени на 5 месеци затвор. Нивниот случај го предизвика вниманието на меѓународната јавност и тогаш беше кажано дека ако беа затворени, ќе беа сметани како политички затвореници.

Михаел Пападакис (17-годишен ученик): Декември, 1992 беше уапсен за делење памфлети на митинг, на кои пишуваше „Македонија не е во опасност поради народот од Скопје, но, е секако во опасност поради тие што не владеат.“

Amnesty International наведува дека „Михаел Пападакис е веројатно осуден поради своето мирно користење на правото за слободно изразување и дека според тоа, постои ризик да биде затворен како политички затвореник.“ Тој беше осуден за вознемирување на јавниот ред и мир и осуден на една година затвор.

Архимандрит Никодим Царкњас, Отец Никодим е етнички македонец и свештеник во Грчката православна црква и добро познат активист за човековите права на Македонците.

Јули 1992 – на Царкњас и уште еден од неговата парохија им беше доставена судска покана за да се појават во Судот во Солун. 

Наводно, Царкњас го имал навредено својот архиепископ, но, беше откриено во еден грчки весник дека обвинението беше само изговор, со цел овој свештеник да биде малтретиран и вознемируван поради својот активизам за човекови права на Македонците

11 мај, 2004 – Царкњас е осуден на три месеци затвор. 

Причината за тоа беше поради неговото градење на македонска православна црква во Аридеа (Соботско), како и за држењето на религиски обреди на македонски јазик таму секоја недела.