АктуелноИнтернационално

Претставниците од Левица на Средба со Европратеници

  • Соопштение на Политичката партија Левица

Денеска, делегација на Левица, составена од портпаролот на партијата, Амар Мециновиќ и координаторот на Левица – дијаспора, Живанка Морис беа гости на состанокот на левичарската парламентарна група при Европскиот парламент (The Left).

На состанокот, покрај обраќањето на Мециновиќ, кој ја потенцираше потребата за сродни левичарски партии како партнери во борбата против рехабилитацијата на фашизмот и одбраната на правото на самоопределување на македонскиот народ, се разговараше и за потребата од нов енергетски модел на континентот.

Целта на ваков модел би бил враќање на контролата над производството и дистрибуција на енергенсите во доменот на јавната сопственост – како би се заштитиле најранливите класи.

По завршувањето на состанокот, остварена е средба со претседавачот на парламентарната група и европарламентарец од DIE LINKE, Мартин Ширдеван, како и европарламентарката Мартина Мишелс од германската политичка партија.

На средбата се разговараше за неправедните услови кои се наметнуваат преку “францускиот предлог”, како и опасностите за стабилноста на регионот, која се содржи во наметнувањето на негаторски политики и возобновувањето на фашистички дејци и идеи.

Во текот на посетата на Брисел, делегацијата на Левица ќе оствари дополнителни средби со партии од Европската левица.