БРИКС ќе креира заедничка валута за 15 земји
Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка (БРИКС) разговараат за можноста за создавање единствена валута, изјави во четвртокот Павел Књазев, генерален амбасадор на руското Министерство за надворешни работи во БРИКС.
„Се разговара за можноста и изгледите за заедничка единствена валута, сметководствената валута базирана на БРИКС“, рече Књазев за време на експертската дискусија за перспективите за проширување на БРИКС и Шангајската организација за соработка, чиј домаќин беше клубот Валдај.
Околу 15 земји изразија интерес за приклучување кон БРИКС, според официјалниот претставник.
БРИКС е неформална асоцијација на најголемите светски економии во развој, која е формирана во 2006 година за да ја подобри соработката меѓу овие нации и да разработи заеднички пристапи кон глобалните економски предизвици.
-Текстот е превземен од infomax.mk