Библиотеката „Браќа Миладиновци“ со Клуб на читатели во рамките на Бела ноќ
Библиотеката „Браќа Миладиновци“ како едно од клучните градски културни јадра и оваа година подготвува програма со која ќе се приклучи на мноштвото настани на препознатливата скопска Бела ноќ.
Годинава за прв пат Бела ноќ ја отвораат со Клубот на читатели посветен на романот „Сфинга на гневот“ на Жарко Кујунџиски, книга на месец септември во Библиотеката.
Клубот на читатели е замислен како неформална средба на оние што ја прочитале или сакаат да ја прочитаат книгата што ја предложија овој месец, со што ја започнаа големата кампања „Читаме современи македонски автори“. Клубот на читатели е закажан за 1 октомври во 12 часот во Паркот на поезијата во Библиотеката и ќе го води Денис Бојаров.
ПРОГРАМА:
12 часот
Во исто време во Игралната во Билбиотеката Другарче ќе биде одржана Kреативна работилница за деца „Лисичката плетачка“ со Ана Голејшка Џикова и Ангела Георгиевска.
Работилницата е бесплатна и е наменета за деца од 3-8 години. Бројот на места е ограничен, па пријавувањето е на мејлот: biblmiladinovci@gbiblsk.edu.mk
20 часот
Поетско читање
Место: Парк на поезијата
Настапуваат: Владимир Лукаш, Катерина Гогова, Митко Апостолов, Д.А.Лори, Андреј Ал-Асади, Софија Тодоровска, Диме Данов,
Водител: Билјана Стојановска
21 часот
Музички настап на дуото Jazzna Dares