Левица: Кои луѓе се вработени во министерството на Артан Груби?

  • Прес-конференција на Кристијан Димков, координатор на Секторот за политички систем при #Левица:

Секторот за политички систем одлучи да побара информација од јавен карактер, на која Министерството на Артан Груби е законски обврзана во рок од 20 дена да даде повратен одговор за тоа кои се луѓето кои им го јадат лебот на граѓаните на Македонија. Но, очекувано од Министерството не добивме никаков одговор.

,,Информацијата за тоа кои се луѓето вработени во Министерството за политички систем и односи помеѓу заедниците, во јавноста попознато како Министерството на Артан Груби – по закон треба да виде јавна, но очигледно се чува како најголема државна тајна.

Овој противзаконски молк од страна на Министерството беше проследен со жалба од наша страна до Агенција за информации од јавен карактер, жалба која беше усвоена и која го НАЛОЖУВА имателот на информации, или во овој случај Министерството за политички систем во рок од 15 дена да одговори на барањето за информации од јавен карактер.

Решението по жалбата е донесено на 12 февруари а месец и половина подоцна одговор од страна на министерството за политички систем нема бидејќи евидентно е дека за Артан Груби не важат законските обврски.

Од испраќањето на овој емаил до денеска е поминат цел месец а немаме добиено повратен одговор од ниту една институција, ниту од Славица Грковска која е задолжена да спречи токму вакви самоволија на владини функционери, ниту од ЕУ, ниту од Невладините организации кои наводно се загрижени за човековите права, ниту од правобранителите.

Тука се отвараат низа прашања како: Зошто е идентитетот на вработените во Министерството за политички систем и односи помеѓу заедниците толкава тајна? Што точно работи Славица Грковска кога воопшто не реагира на вакви еклатантни прекршувања на закони од страна на функционери? Што треба еден граѓанин да направи, за да ги добие своите уставно загарантирани права?”